„Во доброто е лесно да се биде добар, во бракот се познаваат јунаците“ – афористичар Коки

Пријателствата, политиката, бракот, жените и спортистките инспирација за новите шест афоризми на велешкиот афористичар Никола Бошков – Коки. Започнете го денот со насмевка и уживајте:
-Нити кучињата не се веќе она што беа, ќе им фрлиш поголема, мрсна коска и одеднаш ќе престанат да лајат.
-Некогаш, како добри пријатели трчавме еден кон друг со раширени раце, а денес, како политички опоненти, тоа го правиме со стиснати тупаници.
-Во доброто е лесно да се биде добар, во бракот се познаваат јунаците.
-Брачноит брод потонува затоа што мажот, како капетан на бродот, последен ја напушта љубовницата.
-На лудите жени не треба да им се облекува лудечка кошула, туку…лудечки гаќи.
-Убавите, атрактивни спортистки, се убедени дека во текот на играта, гледачите ги соблекуваат со погледите.
Афористичар
Никола Бошков – Коки
