Во велешка болница пет ковид пациенти на кислородна поддршка
Објавено на 8 март, 2022 во 11:50
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани 13 ковид пациенти од кои шест се потврдени позитивни, двајца се непотврдени и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 10 пациенти и на Интерно Б одделение тројца пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се пет пациенти.
Во изминатите 24 часа нема ни новопримени ниту испишани пациенти.
Стефани Манева