Акција за чистење на таложници во Кавадарци

Објавено: 3 јули, 2023, во 16:34 часот

Од денеска се започна со чистење и проширување на таложниците на улиците „Киро Арсов“ и „Ристо Ѓондев“ во село Ваташа, две улици од каде при пороен дожд се слева кал на околните улици.

Во оваа акција учествуваат пожарникарите од ТППЕ Кавадарци и механизација од фирмата ЈА МИ, како донација.

„Со ова чистење се спречува изливање на главните поројници во градот при пообилни дождови“ објаснуваат од општина Кавадарци.

Ангел Данов

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.