Акција за собирање габаритен отпад од домаќинствата во Велес, бесплатна услуга за граѓаните

Објавено: 22 август, 2025, во 14:00 часот

Од први до 15 септември, годинава, ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Велес, соопшти Јавно комунално претпријатие „Дервен“. Се апелира до граѓаните габаритниот отпад да не го изнесуваат на јавни површини и да не го оставаат до контејнерите за отпад без претходно да договорат термин за негово собирање.

-Во габаритен отпад спаѓа: Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи. Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шољи, славини за вода, огледала. Градинарска опрема – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи. Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа, објаснуваат од ЈКП „Дервен“.

Оваа услуга ќе биде бесплатна за граѓаните и сите заинтересирани велешани можат да пријават во секторот Комунална хигиена секој работен ден од 07:00 до 15:00 часот, од 25ти до 29- ти август на следните броеви 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.