Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во Кавадарци (фото)
Објавено на 3 мај, 2023 во 10:22
Локалната самоуправа во Кавадарци обезбедува бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во сите основни училишта.
Градоначалникот Митко Јанчев соопшти дека со ова официјално започнува реализацијата на проектот „Оброк за секое дете“, што беше дел од предизборната програма.
-Проектот ќе трае до крајот на учебната година и ќе се реализира согласно претходно регулираните законски постапки за заштита на безбедноста и здравјето на учениците, додаде Јанчев.
Од Општина Кавадарци нагласија дека континуирано се води грижа за сите свои жители, без разлика дали тие припаѓаат во рурална или урбана средина.
Претходно, градоначалникот Јанчев нагласи дека храната од оброкот ќе биде разновидна и квалитетна.
Стефани Манева