Без вода денеска четиринаесет улици во Велес
Објавено на 28 јануари, 2022 во 10:12
Поради дефект на водовона линија прекин на водоснабдувањето во Велес ќе има на четиринаесет улици, соопшти Јавното комунално претпријатие „Дервен“ преку својот фејсбук профил. Утрово од 08:00 часот без вода се улиците Киро Ќучук, улица Васил Главинов, потоа Гемиџиска, улица Партение Зографски, Белградска, потоа Мицко Козар, Славко Георгиев Сватот, Грозда Кочова, Роса Плавева, Димитрија Чуповски, Андреја Дамјанов, Лазо Трпков, Костурска како и дел од улицата Сараевска.
Работници на ЈКП „Дервен“ од 08:00 часот работат на дефектот и се очекува во текот на денот да завршат работите по што повторно ќе се воспостави водоснабдувањето и граѓаните ќе добијат вода во своите домови.
Стефани Манева