Без вода во моментов граѓани на пет велешки улици
Објавено: 8 јуни, 2026, во 11:04 часот
Од Јавното комунално претпријатие „Дервен“ соопштија дека нивни работници изведуваат зафати на пет улици во Велес како и дека тоа е причина за тоа што во домовите на жителите нема вода.
„Поради неопходни работни активности на водоводна линија, прекин на водоснабдувањето ќе има на ул. Ѓорги Војтех, ул. Наум Наумовски Борче, ул. Христо Татарчев, ул. Оливер Китановски и дел од ул. Борис Трајковски, се до завршување на работите,“ соопштија од велешкото комунално претпријатие.
Д.И


