Временска прогноза
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб доумерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде од минус 5 до 3 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, слаб северен ветер и температура од минус 14 до минус еден степен.
Утре се очекува покачување на темпратурата, од минус 12 до минус 4 во утринските часови до осум степени во текот на денот.
Во недела ќе има ново наоблачување со врнежи од дожд во пониските места и снег на повисоките. Врнежите од дожд кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и во пониските места. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус шест до еден, дневните од еден до седум степени.
Од понеделник се очекува повторно намалување на температурите.
