Хотелот во Врановци може да се продава!

Објавено на 27 ноември, 2012 во 14:12

Уставниот суд се прогласи за ненадлежен да преиспитува дали е законски општина Велес да и го поклони хотелот на општина Чашка.

Проверка на законитоста бараа и инспекторатот во министерството за локална самоуправа и советничката група на СДСМ.  Во двата случаи судот отфрли да разговара за ова бидејќи се работи за поединечен акт за каков не е надлежен судот, пишува во објаснувањето.

 

Дума.мк се обиде да го праша директорот на инспекторатот Ванчо Шехтански што ќе прави понатаму бидејќи токму оваа институција го стопираше процесот за поклонување на имот поради незаконската процедура. Но, Шехтански не одговара на повиците.

Опозициската партија пак е затечена од одлуката на судот. Не знаеше дека Уставен ја одбил и жалбата на инспекторатот, па допрва  ќе размислува дали има законска можност на друг начин да се оспори подарувањето на хотелот.

Во меѓу време Општина Чашка веќе организираше две лицитации за хотелот на кој не успеа да го продаде за околу половина милион евра. Третиот обид е преку непосредна спогодба, па од таму тврдат дека веќе има заинтересирани инвеститори, а општината распиша и оглас на маркетинг страницата Пазар3.

Пред четири месеци мнозинството во општинскиот совет на Велес одлучи хотелот во Горно Врановци да го поклони на општина Чашка. На ваков чекор се реши бидејќи процениле дека е посиплатливо да го подарат отколку да го реновираат.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.