Јакупица крие вода во себе, ама државата ги чека резултатите од истражувањата

Објавено на 19 декември, 2012 во 18:35

Истражувањата за водата под Јакупица сеуште траат и се чекаат резултатите од нив,

по што државата ќе се обиде да го искористи овој голем воден потенцијал. Вака реагираат локалните власти во Општина Чашка и министерствата за прашањето, што по откритие дека планината во себе крие огромни басени полни со питка вода. Според Градоначалникот на Чашка, Горанчо Пановски можно е истражувањата да откријат уште поимпресивни информации.

 

{youtube}http://www.youtube.com/watch?v=OzZ-ENFQ08U&feature=youtu.be{/youtube}

„Нашата цел е да видиме дали можеби басените под Солунска Глава се поврзани со Матка. Кога ќе ги имаме овие информации и тие ќе бидат потврдени со сериозни физибилити студии ќе се обратиме кај министерството за екологија бидејќи тоа е надлежно за ова“, вели Горанчо Пановски, градоначалник на Општина Чашка.

 

По ова министерството за екологија ќе треба да најде начин како да се искористи питката вода која во лавиринтот од пештери под Јакупица ја има во огромни количини. Според спелеолозите таа е доволна за да се снабдат неколку околни градови со  вода за пиење. Општината во ова гледа и потенцијал за наводнување бидејќи е една од ретките која произведува еколошки чиста и здрава храна. Оваа идеја ја поддржува и министерот за земјоделство Љупчо Димовски.

„Во денешно време значењето на водата се повеќе доаѓа до израз и на некој начин е стратешки производ. И од таму овие резервоари кои се под Солунска Глава се од исклучителна важност не само за Чашка туку и многу пошироко, за тоа што голем број население би можело да ги задоволи потребите за вода“, вели Љупчо Димовски, министер за земјоделство.

Спелеолози од Чешка, Русија, Украина како и од земјава неколку години го истражуваат теренот под Јакупица. Влегоа 200 метри во длабочина и открија мрежа од огромни пештери и басени. Најавија дека ќе се вратат и наредното лето кога ќе се обидат да го најдат изворот на подземната вода.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.