Фатени тројца дивокрадци во атарот на село Степанци
Објавено на 20 јули, 2017 во 13:48
Пет лица бесправно сечеле и превезувале огревни дрва вчера попладне и доцна синоќа во атарот на селото Степанци во општина Чашка. Дрвокрадците биле затекнати од полицијата и шумската полиција кај местото викано „Дервен“.
СВР Велес соопшти дека во контролата што заедно со шумската полиција ја спровеле во средата , на 19 јули, тројца од нив ги фатила на лице место. Тоа се А.И.(30), Џ.М.(24), Т.М.(28) сите од Прилеп додека двајца од групата се дале во бегство.
Дрвокрадците исекле околу 8 кубни метри огревно дабово дрво. Во акцијата за спречување на дрвокрадство Шумската полиција запленила три запрежни возила, еден патнички автомобил марка „Лада“ без регистерски ознаки како и алатот со кој е извршено кривичното дело. /У.Ј