„ Млади претприемачи – носители на Младински рурален туризам

Објавено на 22 јули, 2017 во 14:21

Преку Асоцијацијата за иновации во руралната економија – АИРЕ Скопје, Здружението за рурален развој Локална акциона група Вардар Леадер , Извидничкиот одред„ Димитар Влахов“ започна со имплементација на нов проект „ МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ – НОСИТЕЛИ НА МЛАДИНСКИ РУРАЛЕН ТУРИЗАМ “.

Извидничкиот одред ќе работи на подготовка и организација на четиридневен камп за стекнување на работни вештини на млади во регионот на Велес, Чашка и Градско кој ќе се организира во Извидничкиот центар „ ГОЛОЗИНЦИ“, Општина Чашка.

Проектот има за цел задоволување на потребите од млади волонтери во Велес,Градско и Чашка, обука на 50 млади средношколци до 20 години во слободното време за можностите за развој на руралниот туризам, лобирање кај државните институции преку печатените и електронски медиуми за развој и промоција на младински прашања и младински политики кои придонесуваат во развојот на руралниот туризам

Проектот согласно временската рамка ќе заврши до 15 септември 2017 година кога се очекува да се остварат следниве резултати:

– институализација и развивање на методологија за создавање на форми на рурален еко-етно-рурален младински туризам

– зголемен и квалитетен интензитет на економски активности за млади (пчеларство, производство на ориз, плетење на кошници, грнчарство, собирање на лековити билки, сточарство и рибарство );

– намалување на невработеноста на млади до 20 години преку развивање на мали семејни бизниси или самовработување на млади

– институализација и развивање на методологија засоздавање на форми за дејствување на младинските волонтери во развојот на локалната заедница

– зголемен и квалитетен интензитет на волонтерски активности на младите

– обучени млади волонтери до 20 години кои што се оспособени за развивање и имплементација на младинскиот волонтеризам

– појава на активности за млади до 20 години и осовременување на постоечките младински активности, преку обучените извиднички водачи и

– зголемен и квалитетен интензитет на активности за млади и од млади.

Во овој период Извидничкиот одред „ Димитар Влахов“ врши промоција на проектот преку организирани ТВ и радио емисии се со цел да се запознаат младите и поттикнат да се вклучат во проектот како директни учесници.

Медиумската кампања е алатка за мотивација на младите од трите општини и овозможување за нивно вклучување во програмските активности на овој проект./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.