Четириесет и четири ковид пациенти, денеска, на Инфективно во велешка болница
Објавено на 2 септември, 2021 во 16:07
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 48 ковид пациенти од кои 40 се потврдени позитивни, пет пациенти се сомнителни и тројцаа се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На Инфективно одделение се лекуваат 44 ковид пациенти и на Интерно одделение четворица. На кислородна поддршка се 30 пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елеонора Јованова.
Во текот на денот испишани се двајца пациенти како оздравени со по еден негативен тест.
Стефани Манева