Четврти ден во Велес нема регистрирано нов случај на Ковид-19
Објавено на 1 јуни, 2021 во 15:14
Од Министерство за здравство информираат дека во Велес повторно нема регистрирано нов случај на корона вирусот. Во последното деноноќие направени се 3.108 тестирања и регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19. И тоа во Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по двајца и Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по еден.
Регистрирани се и 90 оздравени пациенти од кои пет се велешани и пријавени се 10 починати лица меѓу кои и 80 годишен велешанец.
Вкупната бројка на КОВИД-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.
Стефани Манева