Циркус во Велес по околу две децении (фото и видео)
Објавено на 24 април, 2023 во 13:35

Река од граѓани со деца, во саботата, чекаа ред да купат билети за циркусот „Монтевидео“ од Република Србија којшто дојде во Велес. Магични илузии, мајмун што вози велосипед, вештерка што лета на метла, точки со гуштери и змии беа дел од двочасовното шоу.
Во Велес, скоро две децении нема дојдено циркус, па тоа беше и причина што една голема и една помошна трибина во спортската сала „Гемиџии“ беа целосно пополнети. Децата уживаа и со голема заинтересираност го следеа шоуто, а после секој настап громогласно аплаудираа.
Циркусот всушност беше наменет за деца, но во салата присуствуваа и голем број на возрасни граѓани коишто очекуваа дека истиот ќе понуди акробатика.
Стефани Манева
Фото галерија:






