Црвен Крст едуцираше воспитувачки на велешката детска градинка

Воспитувачките на ОЈУДГ „Димче Мирчев“ често пати се наоѓаат во ситуација да пружаат прва помош на децата кои ги посетуваат клоновите во Велес. Тие треба да бидат подготвени да дадат помош при различни видови на повреди како што се рани, скршеници и слично.
Затоа денеска за нив едукација по прва помош одржа пензионираниот д-р Владо Хаџи Наумов, лекар со над четири децениско волонтерско искуство во Црвен Крст.

– На едукацијата присутни беа околу 50 воспитувачки од детската градинка. Тие ги научија постапките за давање прва помош во различки ситуации. Освен за воспитувачките едукација ќе се одржи и за негователките, рече секретарот Орце Николов.
Тој додаде дека едукативни предавања се дел од кампањата „Првата помош спасува живот“ со која Црвен крст продолжува да се зацврстува како водечка организација на полето на промоција на првата помош како вештина која треба да ја познаваат што е можно повеќе граѓани.
Убавка Јаневска
