Даниел Илиќ го фати светиот Крст во Градско

Објавено на 19 јануари, 2022 во 12:50
Фото: Даниел Илиќ

Повеќе стотини присутни на мостот на реката Вардар крај село Уланци го проследија чинот на осветување на водите и фрлањето на крстот во општина Градско. По крстот скокнаа десетина граѓани а најбрз меѓу нив беше Даниел Илиќ.  

Среќниот Илиќ со подароци го даруваа општина Градско, Повардарска Епархија  и бројни подржувачи на настанот. Од Градоначалникот на општина Градско, Киро Нацков среќниот годинешен фаќач на Крстот доби златен ланец со привезок крст, од Повардарска Епархија икона и библија додека бројни подароци доби и од граѓани на општината.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.