Се заштитува трикорабна ранохристијанска базилика!

Објавено на 21 октомври, 2012 во 22:12

Музејот на Демир Капија со поддршка на општината, деновиве започна со реализација на проектот за реконзервација и ревитализација на ранохристијанска базилика која датира од  шестиот век од новата ера.

Базиликата ќе треба комплетно да се заштити.  По големите истражувања на академик Проф. Др. Блага Алексова, пред скоро шест децении,ранохристијанската базилика во Демир Капија е прогласена за споменик на културата во Република Македонија.

 

„ Заштитена, ранохристијанската базилика, ќе треба да привлече поголем број на туристи. Таа е подигната во чест на Свети апостол Павле кој  дошол овде низ Железната порта преку Демиркаписката клисура со мисија да го шири христијанството“ рече археологот Цветанка Тодороска Митрева.

Првите археолошки локалитети во Демиркаписко биле откриени пред 120 години кога е изградена и железничката линија. Првите заштитни археолошки истражувања се извршени во 1952 година со цел овие објекти  и понатаму да се третираат како споменици на културата.

Трикорабната ранохристијанска базилика, во локалитетот Црквиште, има полукружна апсида и е изградена врз темелите на доцна античка некропола. Во словенскиот период црквата е сведена само на централниот кораб, а страничните кораби служеле за погребување.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.