Општината и граѓаните го одврзаа ќесето !

Објавено на 21 октомври, 2012 во 22:43

Се расчистува, деновиве  дворот на црквата света Богородица, во село Барово по што  ќе следи реновирање. Парите се  обезбедени од општината како  и од   донации на правни и физички лица.

Иницијативата за заштита на овој сакрален објект потекна од граѓаните. Од локалната самоуправа велат дека храмот бил во лоша состојба,оштетен и не создавал добри услови за да се одржуваат литургии и други црковни обреди. Уништена е покривната конструкција, а внатре се оштетени ѕидовите, иконостасот и фреските.

Црквата е изградена во 1863 година, долга е 14, а широка 9 метри. Некаде во педестите години од минатиот век овде како и во другите населени места во државата започнал миграциониот бран при што голем број на жители на селото се иселиле во Демир Капија,Неготино и Кавадарци.По ова куќите се запустиле а и црквата во која некогаш вриело останала празна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.