Уапсен крумчар на 14 мигранти, во возло, во близина на паркингот „Милетково“

Објавено на 1 февруари, 2020 во 11:10

mgrant fn

Полицијата синоќа пронашла 14 мигранти при контрола на возило на автопатот Гевгелија -Демир Капија и го уапсила возачот С.А. (25) од скопското село Студеничани.
Тој ја превезувал група од 12 мигранти од Авганистан и двајца од Сирија во патничко возило „фолксваген фејтон“, со регистарски ознаки од друго возило.

Според МВР, синоќа во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково“, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, во контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 лица-мигранти.

– С.А. и мигрантите се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка, пишува во Билтенот на МВР./С.А

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.