Пронајдени 22 илегални мигранти во српско комбе на автопатот Демир Капија -Неготино

Објавено на 12 февруари, 2020 во 10:23

migranti fin

Полициски службеници синоќа, при контрола пронашле 22 лица-мигранти во товарно моторно возило „рено мастер“, со српски национални ознаки, на автопатот Демир Капија – Неготино.

Како што соопшти МВР, настанот се случил во 23.45 часот, а поицијата од слобода го лишила С.З.(43) од Србија, кој управувал со возилото.

Мигарнтите, од кои двајца од Бангладеш и двајца од Индија и 18 од Пакистан, се предадени на полициски службеници од Полициска станица Неготино за понатамошна постапка./У.Ј

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.