Два нови случаи на Ковид-19 во Демир Капија
Објавено на 30 април, 2020 во 08:19
30.04.2020
Машко лице на возраст од 34 години и девојка на 22 години од Демир Капија се позитивни на Ковид 19, потврди епидемиологот д-р Ристе Јовановски од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Добиените резултати од земените брисеви за овие две лица се позитивни. Истите ќе бидат во денешната статисика евидентирани во Неготино. Mашкото лице е од истиот кластер со двајцата сопружници, кај кои беше најпрво потвден вирусот во Демир Капија, додека девојката не е од тој кластер“ рече д-р Јовановски и нагласи дека двајцата нови позитивни се на домашно лекување.
Вкупниот број на позитвини на корона вирусот во Демир Капија се искачи на 7.
А.Д