Демиркапијци можат до март, годинава, да комплетираат документи за легализација на објектите
Објавено: 10 јануари, 2026, во 14:13 часот
Општина Демир Капија ги повика граѓаните кои имаат поднесени барања за легализација на дивоизградени објекти да ја докомплетираат документацијата до март месец, годинава. Општината им дава уште една законска можност за продолжување на постапката, која е во прекин, за комплетирање и легализирање на објектите.
„Законот за постапување со бесправно изградени објекти, важи заклучно со 03.03.2026 година. Се повикуваат, сите засегнати лица, навремено, да се обратат во просториите на Општина Демир Капија, да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават потребната дополнителна документација. Лице за контакт е Јулијана Гацева,“ соопштија од општината.
Во спротивно, доколку барањата не бидат навремено дополнети, општината ќе ги одбие што значи дека изградените објекти нема да можат да се легализираат.
Убавка Јаневска


