Донирани 25 кутии со адаптирано млеко во прав на велешка болница
Објавено на 23 ноември, 2021 во 12:43
Вкупно 100 пакети со адаптирано млеко во прав, спакувани во 25 кутии, беа донирини во ЈЗУ Општа болница Велес, денеска, од страна на волонтерите на велешки Црвен Крст .
„Донацијата доаѓа од „DM Дрогерија“. Оваа компанија традиционално пред крајот на годината донира од својата палета на производи за одредени категории на граѓани. Овој пат тоа е млеко за дечињата од болницата. На овој начин барем малку ќе помогнеме во нивниот побрз раст и развој“, стои во соопштението на Црвен Крст на РСМ Општинска организација Велес.
Донацијата преставува продолжување на добрата соработка помеѓу двете институции, Црвен Крст и ЈЗУ Општа болница Велес, секојпат во интерес на граѓани, додаваат од велешки Црвен Крст.
Стефани Манева