Др Зоран Арсовски назначен е за нов в.д директор на Општа болница Велес
Министерот за здравство Д-р Фатмир Меџити денеска го назначи Др. Зоран Арсовски,специјалист по ортопедија за нов в.д директор на ЈЗУ Општа болница Велес. Др Арсовски вработен е во велешка болница во 2015 година по завршување на приватна специјализација како завршен специјалист ортопед.
Лекарот во периодот од 2011 до 2015 година,работи како Професор во средно медицинско училиште во Велес а четири години подоцна започнува со ортопедски процедури ,кои до тогаш не се изведуваат на оддел за ортопедија и трауматологија во Велес.
„Др.Зоран Арсовски започнува интензивно да работи во областа на ендопротетика на колкови и колена. Со тоа завршува потребата пациентите со фрактура на колк да бараат помош во Скопје или Охрид,како што тоа беше случај пред неговото вработување во велеша болница. Воедно ,започнува со оперативни интервенции на фрактури на проксимален фемур и операции на фрактури по најсовремени методи. По постојано доусовршување и надоградување на професионалните вештини, др Арсовски започнува со воведување на други процедури, како артроскопија на колена и скочен зглоб. Како исклучително стручен во својата област,со именувањето на др.Зоран Арсовски ,ЈЗУ Општа болница Велес доби директор,а градот не изгуби специјалист ортопед,бидејќи тој и во иднина ќе продолжи совесно да ја обавува својата професија како ортопед,“ соопшти Марина Андова портпаролка на велешка болница.
Денешниот ден е прв работен во кој освен лекарската др Арсовски ја превзема и функцијата вршител на должност директор на ЈЗУ Општа болница Велес.
Убавка Јаневска