Два ипол часа кавадаречките пожарникари гаснеле пожар во росоманското село Паликура
Објавено: 3 октомври, 2024, во 10:39 часот
Пожарот избил вчера вечер, околу 19:50 часот, кога според информации на Регионалниот Центар за управување со кризи Велес, бил пријавен во Територијалната противпожарна единица во Кавадарци.
Четворица пожарникари со едно противпожарно возило стигнале на локацијата и интервенирале се до 22:15 часот на запалена бандера како и на ниска вегетација на која се проширил огнот во село Паликура во Општина Расоман.
Дума.мк


