Двајца Демиркапијци киднапирале неготинец, му се заканувале со пиштол и нож по што го однеле на непозната локација и го тепале

Објавено: 13 април, 2026, во 12:10 часот

„Полициски службеници на Одделение за внатрешни работи Неготино, вчера попладне, во 16:45 и 18:40 часот, ги лишиле од слобода Б.М.(37) и Ќ.С.(30), двајцата од село Корешница, демиркаписко, постапувајќи по претходна пријава дека тие со патничко возило „мерцедес“ со демиркаписки регистарски ознаки, противправно лишиле од слобода 21-годишник од Неготино, му се заканувале со пиштол и остар предмет, по што го однеле на непозната локација и физички го нападнале. Пиштолот и останати предмети биле пронајдени и одземени, а за настанот бил известен јавен обвинител.  Б.М. и Ќ.С. се задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави,“ соопштија од Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.