Двајца кавадарчани нападнале маж и му го одзеле мобилниот телефон

Објавено на 26 октомври, 2023 во 10:19

Полициски службеници до Одделение за внатрешни работи Кавадарци, вчера, ги лишеле од слобода дваесет и четири годишните П.М и Н.И од Кавадарци, поради основано сомнение за сторено дело „разбојништво“.

-На 24.10.2023 околу 23 часот, во Кавадарци физички го нападнале Ф.Н. (23) и му одзеле мобилен телефон, соопштија од СВР Велес.

Двајцата кавадарчани се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветена пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.