Двајца мажи лишени од слобода во село Богомила, кај нив пронајдени ловечка пушка и ловечки карабин
Објавено на 13 јануари, 2023 во 14:43
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ги лишеле од слобода педесет годишниот Т.Б и петнаесет години повозрасниот С.Ј од Скопје во село Богомила, Општина Чашка. При извршен преглед во нивното возило „опел фронтера“ со скопски регистарски ознаки кај С.Ј биле пронајдени и одземени една ловечка пушка ИЖ калибар 16GA и 14 куршуми за неа додека кај Т.Б еден ловечки карабин „Црвена застава“ калибар 8,57 и 15 куршуми за него.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека двајцата се приведеи во полициска станица Велес и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева