Двајца пијани возачи управувале возила а еден возел со два ипол пати поголема брзина од дозволена

Објавено: 11 јануари, 2026, во 13:02 часот

Неготинецот М.С (63) седел зад воланот и го возел автомобилот „ауди“ со неготински регистарски таблички, вчера вечер, во 23:00 часот, кога го запрле полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес во контрола на крстосница од улиците „Христо Ботев“ и „Ацо Аџи Илов“ во Неготино. Во контролата што била направена  било констатирано дека М.С возел под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15 промили алкохол во крвта.

Три ипол часа подоцна на на булевар „Маршал Тито“ во Неготино во полициска сообраќајна контрола бил запрен и Б.В (41) од село Пепелиште, којшто со 1,87 промили алкохол во крвта го возил патничкото возило „форд“ низ улиците во Неготино.

Двајцата пијани возачи биле лишени од слобода.

Триесет годишниот Виничанецот А.А е фатен на радар на сообраќајната полиција додека вчера, во 16:50 часот, го возел патничкото возило „поло“, со винички регистарски ознаки со брзина од 121 километар на час, на место каде максимално дозволената брзина е ограничена на 50 километри на час. Полициските службеници на Сектор за внатрешни работи Велес два ипол пати поголемата брзина од дозволената на автомобилот „поло“ ја регистрирале на регионалниот пат Штип-Велес, кај крстосница Мамутчево.

Возачот А,А е лишен од слобода, соопшти Сектор за внатрешни работи Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.