Двајца починати пациенти во велешка болница во изминатите 24 часа
Починати се жена на осумдесет и четири годишна возраст од Велес и маж на седумдесет и пет годишна возраст од село Грнчиште.
Во ЈЗУ Општа болница Велес хоспитализирани се 66 ковид пациенти од кои 49 се потврдени позитивни, седум пациенти се сомнителни и 10 пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Во изминатите 24 часа примени се 11 пациенти од кои пет позитивни ковид пациенти се пренесени од Интерно Б одделение . Од болничко лекување испишани се шест пациенти, соопшти портпаролката на велешка болница, Д-р Елена Левкова Ќулумова.
На кислородна поддршка се 28 пациенти.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат 55 и на Интерно Б одделение 11.
Доколку трендот на покачување на новопримени пациенти позитивини на коронавирусот продолжи како во изминатите денови, за потребите на лекување во функција ќе биде ставена Модуларната болница или Физикалното одделение. Велешката болница се подготвува и направен е нов список на дежурства со формирани тимови.
Стефани Манева