Две тепачки и казни за непочитување на полициски час

Објавено на 12 мај, 2021 во 11:21

Сектор за внатрешни работи Велес, информира дека пред угостителски објект во Велес, 22 годишниот В.Н бил физички нападнат од Т.К 37 и С.К 27 години. Случајот бил пријавен на 11 мај, вчера, околу 22:45 часот.

Во текот на истиот ден, во ОВР Кавадарци било пријавено од 33 годишниот Р.С, дека во фабрика во Кавадарци бил физички нападнат од својот претпоставен З.С 39 години.

По целосно документирање на двата случаи, ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти потпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во изминатото деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита полициските службеници евидентирале 29 граѓани.  Од нив 12 во Велес, тројца во Кавадарци и 14 граѓани во Неготино.

За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, од полициските службеници казнет е само еден граѓанин во Неготино.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.