Две велешанки починати како последица на Ковид-19

Објавено на 26 февруари, 2022 во 14:54
Фото: Панорама на Велес

Една жена на 85 години и друга којашто е една година постара, се двете пациентки кои починаа во изминатите 24 часа во Општа болница Велес. И двете имале коморбидитети, соопштија од ЈЗУ Општа болница Велес.

Во болницата се лекуваат вкупно 23 ковид болни од кои 16 позитивни, двајца непотврдени и пет пациенти кои се со негативни резултати но сеуште им треба здравствена помош.

-На кислородна поддршка се скоро 50 отсто од пациентите. Деветнаесет од нив се лекуваат на Инфективно и четворица на Интерно одделение Б оддел. Во изминатото деноноќие примени се двајца нови пациенти, рече д-р Елена Левкова Ќулумова портпаролка на болницата.

Од болничко лекување испишани се тројца пациенти.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.