Дводневен форум „Нови концепти за мотивирање при добороволното крводарување“ на македонски Црвен Крст
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/Форум-1.png)
Македонскиот Црвен Крст со Форум за крводарителство го одбележува 14 јуни – Светски ден на крводарителство во Велес. Форумот на тема „Нови концепти за мотивирање при добороволното крводарување“ го следат 30 учесници кои се вработени во Црвен крст, членови на Раководен одбор, претставници на Министерство за здравство, на Инстутут за трансфузиона медицина и мотиватори од локални средини.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/Форум-2.png)
Форумот го отвори Др. Ромел Велев, Претседател на Црвен крст на Македонија и заврши со заклучоци кои треба да служат во насока на зголемување на мотивираноста за доброволно крводарување во државата.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/Форум-4.png)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/06/Форум-3.png)
Меѓудругото се реазледуваше и актуелната состојба со крводарителството, покриеноста со крвни единици и посебен аспект беше ставен на поголемото вклучување на приватниот сектор како и општествената одговорност на македонските компании.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)