Една во операциона сала а втора на 24 опсервација, две жени од Градско се во велешка болница по сообраќајка
Педесет и седум годишната Н.М денеска ќе биде оперирана по здобиените тешки телесни повреди утврдени на Компјутерски томограф додека Б.П.(45) ќе биде пуштена на домашно лекување по направените медицински испитувања и 24 часовната опсервација во ЈЗУ Општа Болница Велес, соопшти портпаролката д-р Билјана Босилкова.
Двете жени од Градско повредите ги здобиле во сообраќајна незгода, којашто се случила вчера, околу 15.40 часот, на регионалниот пат Градско-Неготино во близина на мостот на Црна река.
-Таму патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(47) од Градско, удрило во заштитна метална ограда. Увид бил извршен од увидна екипа на СВР Велес, соопшти Биљана Ѓаковска портпаролка на Сектор за внатрешни работи Велес.
Стефани Манева