Едукативна работилница на СВР Велес во Кавадарци

Објавено: 23 декември, 2022, во 10:14 часот

Отсек за превенција при Сектор за внатрешни работи Велес во средното општинско училиште „Добри Даскалов“ во Кавадарци, одржа едукативни работилници со ученици за штетноста од конзумирање на алкохол.

На учениците им беа посочени последиците кои можат да настанат, особено доколку се управува возило по конзумирањето алкохол. 

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека едукативните работилници се одржуваат во пресрет на претстојните новогодишни и божиќни празници.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.