Еминентни македонски оперски пејачи на хуманитарен концерт во Велес за поддршка на лицата со попречености

Објавено: 5 декември, 2025, во 10:30 часот

Во магична предновогодишна атмосфера на класична музиката, на хуманитарен концерт за поддршка на лицата со попреченост, ќе настапат еминентните македонски оперски пејачи Вероника Караколева – сопран придружувана од Фросина Џини – пијанистка, Полина Тасева – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, Влатко Груевски – тенор, Дарко Тодоровски – бас баритон  во придружба на Андреј Наунов – пијанист/ диригент. Концертот ќе се одржи во Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, во сабота, на 20 декември, со почеток во 19:00 часот. Влезницата чини 1.000 денари.

Оваа гала вечер ќе го означи почеток на Кампањата „Заедно за нов дом“ која ќе се спроведува во текот на 2026 година и ќе овозможи запознавање со услугата „Живеење со поддршка“ и зголемување на капацитетите на истата, преку  оформување на четири мали нови групни домови.

Концертот го организира Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес коешто е овластен и лиценциран давател на услугата „Живеење со поддршка“.

„Ве покануваме заедно да ја споделиме моќта на музиката и хуманоста и да придонесеме кон подобар и подостоинствен живот за оние на кои поддршката им е најпотребна. Со настапот на македонските врвни уметници и нивните изведби тие придонесуваат оваа вечер да биде исполнета со благородна цел затоашто целосниот приход од влезниците од концертот е наменет за поддршка на лицата со попреченост, корисници на социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“. Оваа услуга обезбедува независно живеење на корисниците во станбени единици со 24 часовна поддршка од страна на стручни лица и негуватели за поддржано живеење. Тимот им обезбедува остварување на основните и инструменталните активности во секојдневниот живот, социјализација и интеграција во општеството,“ рече Далиборка Златева претседателка на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености од Велес.

Донациските влезници за настанот, по цена од 1000 денари, ќе можат да се набават на билетарата на Театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“. Исто така, ќе можат да се купуваат и од Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености, со уплата на нивната Трансакциска сметка: 290 000027359871 Банка: ТТК банка и цел на уплата: „Донациски влезници за хуманитарна оперска гала вечер“.

Влезници можете да се обезбедат и со контактирање на следните лица: Маја Николовска тел: 070265061, Елена Трипчева тел: 071225523, Драгица Пановска тел: 075279940 и Јорданчо Бајрактаров тел: 077920160.

По одржување на Хуманитарна оперска гала вечер во Велес,  најдоцна до 30 декември, здружението ќе изготви извештај за вкупно собраните средства и истиот ќе биде јавно обајвен на нивната веб страница, на социјалните медиуми и на професионалните медиуми во Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.