(фото и видео) Ученици од „Коле Неделковски“ дел од музички настан за меѓуетничка интеграција во Куманово

Учениците од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ од Велес беа дел од заедничка активност во рамките на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, што се одржа во Куманово.

Гостувајќи во партнерското училиште ОСТУ „Наце Буѓони“, велешките ученици имаа можност да презентираат дел од своите музички таленти и културни видувања, како и да соработуваат со врсниците од Куманово преку заеднички активности под мотото „Светот низ музиката“.
Како што соопштија од училиштето во рамки на настанот, учесниците преку кратки презентации ги запознале присутните со три видови музика – народна, странска и поп музика, при што биле истакнати нивните карактеристики и најпознати изведувачи.

-Потоа присутните имаа можност да уживаат во изведбата на неколку музички точки од нашите ученици од двете партнер училишта, најнапред поединечно и на крај најубавиот дел кога сите заедно изведуваа музички точки и се забавуваа, објаснуваат од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“.

По официјалниот дел, учениците прошетале низ Куманово и се дружеле со што ги зацврстиле меѓуетничките и меѓуучилишните врски.
Стефани Манева


