(Фото) Ученици на ООУ “Страшо Пинџур” и Црвен Крст Кавадарци преку донации доопремија Библиотекарско катче

Објавено на 10 мај, 2024 во 14:35

Библиотекарско катче е веќе дел од подрачното училиште на основното „Страшо Пинџур“ во село Возарци, близу Тиквешкото езеро. Учениците организираа повеќе активности како „Еко квиз“, донации во книги од сите училишта и од некои приватни компании, детски забавни игри во Градски парк, ликовен и литературен конкурс во училиштето итн. Учениците од паричните донации купија 600 нови наслови и со донираните книги  го збогатија библиотечниот фонд со два нови рафтови за книги. Исто така, тие купија биро и компјутер за евиденција на Библиотеката.

Како што информираше Димитар Каракулев, освен што работеа учениците на ООУ “Страшо Пинџур” поминуваа доста време и со лицата во Центар за посебни потреби “Порака” во Кавадарци.

И оваа ученичка акција е дел од проектот „Промоција на хумани вредности“ на Црвен Крст Кавадарци од каде упатија благодарност до директорката на училиштето, раководниот и наставниот кадар кои во целост ги подржаа учениците во реализација на активностите. Дисеминатор и на оваа група на млади беше Даниела Лазовска – волонтер од Црвениот крст Кавадарци.

Убавка Јаневска

Фото галерија

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.