(Фото) Ученици на ООУ “Страшо Пинџур” и Црвен Крст Кавадарци преку донации доопремија Библиотекарско катче
Библиотекарско катче е веќе дел од подрачното училиште на основното „Страшо Пинџур“ во село Возарци, близу Тиквешкото езеро. Учениците организираа повеќе активности како „Еко квиз“, донации во книги од сите училишта и од некои приватни компании, детски забавни игри во Градски парк, ликовен и литературен конкурс во училиштето итн. Учениците од паричните донации купија 600 нови наслови и со донираните книги го збогатија библиотечниот фонд со два нови рафтови за книги. Исто така, тие купија биро и компјутер за евиденција на Библиотеката.
Како што информираше Димитар Каракулев, освен што работеа учениците на ООУ “Страшо Пинџур” поминуваа доста време и со лицата во Центар за посебни потреби “Порака” во Кавадарци.
И оваа ученичка акција е дел од проектот „Промоција на хумани вредности“ на Црвен Крст Кавадарци од каде упатија благодарност до директорката на училиштето, раководниот и наставниот кадар кои во целост ги подржаа учениците во реализација на активностите. Дисеминатор и на оваа група на млади беше Даниела Лазовска – волонтер од Црвениот крст Кавадарци.
Убавка Јаневска
Фото галерија