(фото) Ученици се обучуваат за декоративен дизајн во Велес
Првата група од 13 средношколци најголем дел ученици во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, денеска ја имаа првата обука за Декоративен дизајн. Во името на имплементаторот на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“, добредојде и плодна работа им посака директорката Убавка Јаневска.
Со информации, фотографии и прикази, обучувачката, дипл. инг арх Цветанка Саздова, ги запозна учесниците на обуката, поточно од кој временски период дизајнот потекнува и како тој низ вековите, цивилизациите и помеѓу народите се развивал се до современиот дизајн.
Низ интеракција средношколците ги пренесуваа своите впечатоци за значајни архитектонски и историски објекти како и знаменитости во Атина, Рим, Истанбул, како и други светски метрополи. Притоа тие ги споделуваа искуствата што ги имале додека ги посетувале и во нив престојувале.
Како работна задача на денешната обука беше исцртување на сопствената соба на учениците којашто на наредната обука ќе треба да добие изглед според очекувањата на идните декоративни дизејнери.
Оваа група својата втора обука ќе ја има за 14 дена на истото место, поточно во Europe House во Велес.
Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидентите нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес.
Стефани Манева