(фото) ЗГ „Акцијаш – Ветерани Велес“ ќе го средуваат паркот околу Спомен Костурница по повод 1 април – ден на доброволни младински работни акции

Објавено на 28 март, 2024 во 12:27
Фото: Архива на ЗГ „Акцијаши – ветерани“ Велес

Велешкото здружение на граѓани „Акцијаши – ветерани“ со доброволна работна акција околу Спомен Костурница во Велес ќе го прослават 1 април, денот на доброволни младински работи акции. Тие ќе го уредуваат паркот околу Костурницата, ќе кастрат диво изникнати грмушки, ќе ја средуваат никнатата трева и расфрланиот смет.

Оваа работна акција ќе ја направат заедно со Народен Музеј и Општина Велес како и членови на Ротари клубот, помладокот на велешки Црвен крст, ученици од средните училишта од градот и секако заинтересирани граѓани кои доброволно ќе отидат на акцијата за да дадат свој придонес во уредување на паркот околу овој монументален споменик на паднатите борци од НОВ во Македонија.

-Акцијата во понеделник на 1-ви април ќе започне во 09:00 часот. Пред платото на Спомен Костурницата ќе биде и збирното место од кадешто ќе ја започнеме акцијата. Апелираме до сите учесници како и сограѓани коишто ќе сакаат да учествуваат на акцијата  доколку можат, да понесат со нив и рачен алат. За секој учесник обезбедено е пијалок и ладен сендвич, соопштија од ЗГ „Акцијаши – ветерани Велес“.

Инаку, денот на доброволни младински работни акции во поранешната држава претставувал празник на доброволна младинска работа. Затоа, акцијашите од ова велешко здружение до редакцијата на Дума.мк испратија и екслузивни фотографии од свеченото примопредавање на Спомен Костурницата а потоа и пошумувањета коишто се спроведувале за уредување на просторот околу овој значаен велешки објект.

Стефани Манева

фото:

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.