(фото) ЗГ „Акцијаш – Ветерани Велес“ ќе го средуваат паркот околу Спомен Костурница по повод 1 април – ден на доброволни младински работни акции
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/03/433500406_7558374660849845_2994372623326416629_n-1024x768.jpg)
Велешкото здружение на граѓани „Акцијаши – ветерани“ со доброволна работна акција околу Спомен Костурница во Велес ќе го прослават 1 април, денот на доброволни младински работи акции. Тие ќе го уредуваат паркот околу Костурницата, ќе кастрат диво изникнати грмушки, ќе ја средуваат никнатата трева и расфрланиот смет.
Оваа работна акција ќе ја направат заедно со Народен Музеј и Општина Велес како и членови на Ротари клубот, помладокот на велешки Црвен крст, ученици од средните училишта од градот и секако заинтересирани граѓани кои доброволно ќе отидат на акцијата за да дадат свој придонес во уредување на паркот околу овој монументален споменик на паднатите борци од НОВ во Македонија.
-Акцијата во понеделник на 1-ви април ќе започне во 09:00 часот. Пред платото на Спомен Костурницата ќе биде и збирното место од кадешто ќе ја започнеме акцијата. Апелираме до сите учесници како и сограѓани коишто ќе сакаат да учествуваат на акцијата доколку можат, да понесат со нив и рачен алат. За секој учесник обезбедено е пијалок и ладен сендвич, соопштија од ЗГ „Акцијаши – ветерани Велес“.
Инаку, денот на доброволни младински работни акции во поранешната држава претставувал празник на доброволна младинска работа. Затоа, акцијашите од ова велешко здружение до редакцијата на Дума.мк испратија и екслузивни фотографии од свеченото примопредавање на Спомен Костурницата а потоа и пошумувањета коишто се спроведувале за уредување на просторот околу овој значаен велешки објект.
Стефани Манева
фото:
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/03/434022761_1957595814635103_8675656005204931646_n-1024x782.jpg)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/03/433259648_1650443825360266_3040754104301467361_n-1024x768.jpg)
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)