Гајдова: Велес,годинава, ќе биде домаќин на повеќе од 10 Амбасадори за време на Европската недела на мобилност
Амбасадори се гости додека граѓански организации, детската градинка и други локални институции годинава во партнерство со Општина Велес ги спроведуваат активностите на единаесеттата Европска недела на мобилност. Според организаторот, општината, на годинешната манифестација има како најголем број на активности и учесници така и најголема заинтересираност од страна на претставници на дипломатскиот кор во Македонија.
Координаторката на манифестацијата Европска недела на мобилност, Славица Гајдова, вчера, даде изјава за Дума.мк и одговори на новинарските прашања од каков вид се програмските активности, кого Општина Велес вклучи во реализацијата и кои гости се очекуваат во градот од петок, 15 до петок, 22 септември 2023 година.
Општина Велес особено внимание посветува на одбележувањето на 22 септември – Светски ден без автомобили. Тогаѓ повторно ќе се случи организираното искачување до „Вршник“. Општината ги кани сите заинтересирани велешани. Збирно место, во петок, 22 септември ќе биде улицата „Димко Најдов“, на јужниот излез од градот, од каде во 16:15 часот ќе започне искачувањето на „Вршник“.
Убавка Јаневска