Германски „Хоуп“ донираше медицинска опрема вредна 150 илјади евра на велешка Општа болница (видео и фото)

Објавено: 29 април, 2026, во 14:45 часот

Два родилни и два мајчински кревети за интензивна нега, три пациент монитори и еден детски монитор за Неонатолошка – детска соба,  два вакум екстрактори и еден инкубатор, вормер апарт за топлење на штотуку родени новороденчиња и за фото терапија, по еден аспиратор, Ехо и ЦТГ апарат како и инструменти за операциона сала со мобилно светло доби денеска Гинеколошко Акушерското одделение на Општа болница Велес. Новата опрема е донација од германската организација „Хоуп“, која има работи и во САД а има и канцеларија во Скопје, Македонија. Донираната опрема чини 150 илјади евра преку проектот „Пери Мак“.

На примопредавањето на донацијата Н.Е Петра Дрекселер, Амбасадорка на Сојузна Република Германија во Македонија ја истакна важноста на воспоставената долгогодишна соработка на двете земји како и човечноста што ја покажуваат германскиот народ, граѓанските организации и стопанственици кои на ваков начин помагаат најзначаен сегмент од македонското здравсто и покажуваат внимание кон најмладите жители во локалните заедници, новороденчињата.

Проектот „Пери Мак“ во Македонија трае една деценија и има за цел да се намали смртноста кај новороденчињата и мајките и за 10 години, во соработка со Фондот за здравство и јавните здравствени установи успеавме да ја намалиме за 75 %  смртноста во Македонија, рече Питер Сизе и додаде:

Преку проектот „Пери Мак“ во изминатата деценија во Македонија се вложени над 3,5 милиони долари рече заменик Министерот за здравство, Јовица Андовски и додаде во што освен во медицинска опрема „Хоуп“ досега вложил во државата.

Донацијата е вредна и ќе го подигне квалитетот на здравствените услуги што се издаваат на Гинеколошко Акушерското одделение рече директорот на Општа болница Велес, Александар Бузалков додавајќи:

Најголемиот дел од медицинската опрема е за Сала за породување додека дел за Неонтолошката или детска соба на Општа болница Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.