Кавадарчанец го загубил паричникот, пронаоѓачот го „олеснил“ со 28 илјади денари на платежната картичка
Објавено: 3 ноември, 2026, во 12:06 часот
Педесет и девет годишен жител на кавадаречко село, вчера, во Одделение за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци пријавил дека претходниот ден, недела, во Кавадарци го загубил својот паричник, во кој имало пари и лични документи, а потоа се обратил во банка за да ја провери состојбата на платежната картичка и дознал дека без негово одобрение од банкомат му биле подигнати 28.000 денари.
Од Сектор за внатрешни работи соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Убавка Јаневска

