Годишен концерт на Ансамбл „Керамичар“,во недела, во Амфитеатар на Младински парк

Објавено на 10 септември, 2021 во 16:46

Наместо во сабота на 11 септември, како што првично планираа, поради тридневната жалост прогласена за жртвите на трагедијата во Модуларната болница во Тетово“ концертот ќе се одржи ден подоцна, во недела на 12 септември.

Со годишниот концерт ансамблот ќе  одбележи 67 години од постоењето. Концертот ќе започне со настапот на „Керамичар“ чии играорци ќе ги изведат кореографиите  „Прилепски мечкари и прилепски игри“, Калајџиско оро“ и „Поречки игри“ за потоа публиката да ги проследи настапите на младиот хармоникаш Александар Пановски и вокалниот интерпретатор Игор Андреевски.

Гости на концертот се КУД „Тодор Јанев“ од Чашка и Ансамблот за народни песни и ора „Кочо Рацин“ од Скопје. Играорците од Чашка ќе ги изведат кореографиите „Овчеполка“ и „Мариовска тресеница“ додека нивните колеги од Скопје „Седенка“ и „Игри и песни од Источна Македонија“. Настап ќе има и на скопската вокална солистка Ангела Богдановска .

Почетокот на концертот е во 19:30 часот.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.