Горан Наунчев именуван за директор на JКП „Дервен“
Објавено на 24 ноември, 2021 во 14:56
Дипломираниот инжинер технолог Горан Наунчев од денеска е в.д директор на ЈКП„Дервен“. Тој е именуван две недели по оставката на Антон Јовиќ на директорското место.
Наунчев на оваа функција доаѓа како вработен во ШС „Бабуна“. Тој претходно, во еден мандатен период ја извршуваше функција директор на оваа Подружница на ЈП „Македонски шуми“.
Убавка Јаневска