Горело возило пред Хигиенски – велешките пожарникари интервенирале навреме

Објавено на 6 август, 2025 во 11:47
Фото: Архива на Дума.мк

Територијалната противпожарна единица Велес, вчера, во 18:35 часот примила дојава за запалено патничко моторно возило на улица Лазо Осмаков пред зградата на Хигиенски.

На лице место излегло едно против пожарно возило и тројца пожарникари спасители кои по пристигнувањето веднаш пристапиле со гаснење на пожарот.

Како што информираат од велешката пожарна благодарение на брзата интервенција пожарот бил ставен во контрола и спречено било негово ширење и на другите паркирани возила .

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.