Горештините засега ја зголемија просечната потрошувачка на вода за 15 л/сек, најголема е во вечерните часови во Велес

Објавено на 30 јуни, 2025 во 14:38

Велешани во месец мај  трошеле просечно 153 литри во секунда вода за пиење. Еден месец подоцна со зголемувањето на температурите просечната потрошувачка на вода за пиење се искачи на 168 литри во секунда.

„Потрошувачката на вода е најголема во периодот од 18:00 до 23:00 часот. Апелираме до граѓаните за рационално користење на водата,“ соопштија од Јавното комунално претпријатие „Дервен“.

Во летните месеци на изминатите години имаше периоди кога Велешани просечно трошеа и до 210 литри во секунда вода за пиење. Оваа потрошувачка беше максимална и забележана од комуналното претпријатие како највисока иако капацитетот на Фабрика за преработка на вода може изнесува до 300 литри во секунда вода за пиење во градската мрежа.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.